По одложувањето, а можеби и откажувањето на трката во Азербејџан, осмото Гран-при во тековната сезона, Берни Еклстоун смета дека првата трка од сезоната може да ја очекуваме дури во јули

Но, тој вели дека подобро би било да се откаже целата сезона. Еклстоун смета дека Formula 1 ќе има голем проблем да го договори одржувањето на трките со промоторите, нивните организатори и тимовите во Formula 1.

„Што би правел денес? Мислам дека би морал да кажам дека ќе ги прекинеме сите дискусии за трките оваа година. Тоа е единствено што можете да го направите, а да биде безбедно за сите и да спречите некои луди договори кои можеби и нема да се остварат. несреќно, но е така“.

Formula 1 тимовите летната пауза ја префрлија за во пролет, ослободувајќи така простор за трки во август. Извршниот директор на Formula 1, Чеис Кери, смета дека ќе може да се организираат 15-18 трки, а Еклстоун се надева дека ќе успее.

„Би бил многу, многу изненаден ако успеат да го направат тоа. Навистина се надевам ќе успеат. Би можело да се возат и  три до четири трки на почетокот од следната година и да се бројат во сезоната 2020. Проблемот е што тимовите ќе сакаат едно, а промоторите друго. Сè е во ред со составувањето на календарот, што секако можете да го правите додека чекате. Голем проблем е присилувањето на промоторите да организираат трка“.