Бебињата најдобро ги смирува звукот на моторот на Honda NSX
Благодарение на една студија од јапонскиот производител, родителите кои сакаат да го смират своето бебе, а во исто време сакаат да му всадат љубов кон автомобилите, добија нов гаџет
Honda на јапонскиот пазар ќе понуди производ кој ќе емитување на звук на мотор од автомобил ќе ги смирува расплаканите бебиња. Уредот е дизајниран како рамна играчка во форма на автомобил со вградени звучници од кои може да се слушне работењетона моторот на спортски автомобил.
Како што велат во Honda, играчката е создадена како дел од експеримент откако инженерите на таа компанија забележале дека звукот на моторот има смирувачки ефект врз новороденчињата.
Имено, за бебето, овој звук е фреквенциски сличен на оној што го слушале пред раѓањето, во стомакот на мајката – како што се срцевите отчукувања и звуците на протокот на крв низ крвните садови.
Таквите нискофреквентни звуци до 250 Hz, тврдат во Honda, одговараat на ниските фреквенции емитирани од страна на нивните мотори.
Јапонскиот производител експериментирал со звуците на 37 автомобили на Honda од различни временски епохи, вклучувајќи ги Integra од 1986, Prelude од 1987, S2000 од 1999 и NSX од 2018 година.
На крајот, тие заклучиле дека е најдобро интегрираниот звучник од играчката, која се активира со далечински управувач, да го емитува звукот од моторот на суперспортската Honda NSX. Бебињата добро реагирале и на моделите Acura Integra Type R од 2001 и Honda S2000 од 1999 година.