Volkswagen тестира нови опции кои би можеле да ги имаат светлата на автомобилите за возењето со нив да биде многу побезбедно за сите учесници во сообраќајот

Технологијата радикално ги менува автомобилите, кои на крајот би можеле да станат големи компјутери на тркала, бидејќи во иднина наместо луѓе возилата треба да ги управуваат токму компјутерите и софтвер, а ние ќе станеме само патници кои ќе уживаат во возењето.

Освен наведените промени, технологијата би можела да донесе големи иновации во начинот на кој ги користиме светлата на возилата, а како тоа во иднина може да изгледа, го тестира Volkswagen – компанијата во Германија отворила таканаречен Center of Lighting Excellence, тестен полигон каде тестира бројни прототипови на светла кои автомобилите би можеле да ги користат. Дел од тестовите се однесуваат на осветлување кое веќе наскоро ќе може да се користи, додека вториот дел се однесува на иднината во која компјутерите ќе управуваат со возилата, а на нив нема да им треба светлина каква што луѓето денес користат (затоа што компјутерите „гледаат“ и во темнина), туку ќе се користи за други работи, како предупредување за пешаци и слично.

Еден од концептите кој го развиваат во VW, се однесува на задните светла – кога се вози во рикверц, би се проектирале два црвени зрака кои би ги предупредувале пешаците, велосипедистите и автомобилите на опасност. Ова е една интересна идеја која може да се спроведе наскоро, а уште еден интересен проект се однесува на проекција на светлина странично на возилото каде се наоѓа слепата точка за возачот, за возачите во возилата покрај нив да бидат предупредени на местото каде што возачите во траката покрај не би ги виделе.

Интересна е и опцијата на оптички асистент кој на патот проектира светлина која ја покажува ширината и правецот на возилото – со таква проекција возачот точно ќе знае колку е далеку од работ на патот или централната линија и на пример, дали може да помине помеѓу два автомобили, преку потесен премин и слично.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1RQrNxOgui0OUk0Bv528NaF0LPdqGt7r8″ mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Уште еден интересен концепт, со кој „поиграле“ и некои други автомобилски компании во минатото, се однесува на поставување на екран на предниот дел, странично или позади на возилото. На овие екрани може да се прикажуваат кратки пораки или предупредување за другите учесници во сообраќајот.

Прашање е кога и дали овие концепти воопшто ќе најдат секојдневна примена, но секако е интересно да се види со какви новини експериментираат автомобилските компании и што се може да се очекува на овој пазар во иднина.

https://www.youtube.com/watch?v=q-1cF9NkbLc