![Автомобилите се поголеми, местата за паркирање со иста големина](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/12/parking.jpg)
Автомобилите се поголеми, местата за паркирање со иста големина
Проблемот не само во јавните места за паркирање, туку е уште поголем во јавните гаражи
Паркинзите во некои од трговските центри се толку слабо решени што и при најпрезицно паркирање скоро и да нема место од левата и десната страна за нормално излегување од возилото, освен за помалите возила од сегментот Б или А.
Во изминатите неколку децении, сведоци сме на постојан раст на автомобилите. Вистинска реткост е да се слушне дека при промена на генерација на модел, вкупната должина на возилото е намалена. За тоа време, местата за паркирање останаа повеќе или помалку исти димензии
Истражување спроведено во Велика Британија укажува на истиот проблем со местата за паркирање како и во македонската престолнина. Некаде ги нема доволно, некаде не се доволно пространи … За вториот дел, за „виновници“ се посолуваат лидерите на автомобилската индустрија кои инсистираат на зголемување на возилата, како еден вид напредок на одреден модел.
Така, оваа студија посочува дека Mini се зголемил за 55% во споредба со неговиот претходник во минатото, Fiat 500 за 47%, а VW Golf ги зголемил своите димензии за 28%. Истражувањето понатаму укажува на тоа дека просечната тежина на компактен автомобил во 1990 година била 225 кг помалку од денес. Исто така, драстично зголемување има и кај меѓуоскиното растојание, кое се зголемило во просек за 16,2 cm за 30 години!
Јасно е дека овој тренд не може да продолжи долго време, а причина е електрификацијата. Електричните автомобили имаат многу помалку подвижни делови од традиционалните модели, па затоа не им треба голема или долга хауба. Така, споредувајќи ги димензиите на автомобилите со EV и SUS погон кои се од иста класа, може да се види дека електричниот автомобил е далеку попростран во кабината, пред се затоа што нема многу компоненти под хаубата, а самите батерии се наоѓаат во подот.
Затоа, со офанзивата на електричните модели, треба да се очекува овој раст на возилата да престане, бидејќи тој повеќе не е потребен заради некој лажен доказ за напредок. Автомобилите што користат електрична енергија за возење ќе сет докажуваат во други области, како што се автономијата, технологијата…