Откако Audi ја прекина продажбата на моделот А4 модел на американскиот пазар, со кој клиентите можеа да добијат мануелен менувач, понудата на таква опција практично е сведена на два ривала BMW Серија 3 и Genesis G70

Токму вториот модел, спортскиот седан од Јужна Кореја, е избран за автомобил на годината во изборот кој традиционално го спроведува влијателното американско списание MotorTrend. Како што е нагласено од жирито, „ова е прилично неверојатно,„ но „од друга страна Genesis успеа да претстави достоен ривал на Серија 3“.

Genesis G70 можеби не е совршен, но низ призмата на шест клучни критериуми, новинарите на MotorTrend веруваат дека овој седан со право ја носи титулата. Кога ќе се погледне тимот на луѓе кои стојат зад развојот на G70, одлуката на жирито веројатно за многумина станува појасна.

Пред сè, Алберт Бирман, поранешен шеф на одделението за возна динамика на компанијата BMW, а потоа и Фајез Рахман, кој е ангажиран и во развојот на шасијата за Kia Stinger. Лук Донкервок и ШангЈуп Ли се „украдени“ од одделот за дизајн на Bentley, додека Божена Лалова доаѓа од Mercedes-Benz..

Дел од дизајнерскиот тим е пристигнат од Bugatti – Саша Селипанов како дел од тимот за развој на Chiron, а координатор на проектот бил Манфред Фицџералд од Lamborghini, кој е назначен за заменик-претседател на брендот Genesis.

Освен тимот, важна е и цената по која се нуди корејскиот седан. Верзијата 2.0T RWD во САД се продава за 34.900 долари, а овој модел испорачува 252 коњски сили. Со оваа цена, Genesis G70 е еквивалент на понудата на Баварците -моделот 320i, но со значајна разлика во моќноста на двата погонски агрегати, а со уште поголема разлика во нивото на опременост на двата ривали.

Според главниот и одговорен уредник Мotortrend, Ед Лоха „BMW, Audi, Lexus, Infiniti и Acura, сега имаат вистински проблем, а тој се вика Genesis“.