AutoBild тест: Кои електрични автомобили можат да поминат повеќе од 400 km со брзина од 130 km/h со едно полнење?!
Победник е Mercedes EQS кој успеал да помине растојание од 444 километри со едно полнење на батеријата
Познато е дека електричните автомобили не стигнуваат толку далеку колку што ветуваат производителите. Но, колку далеку можете да стигнете ако не забрзувате или сопирате, туку континуирано возите со 130 km/h на автопат? Токму ваков тест спровел германскиот Autobild.
При поголеми брзини, отпорот на воздухот е најголемиот непријател на електричниот автомобил. Колку побрзо возите, толку повеќе енергија троши овој невидлив ѕид пред шофершајбната. Особено кај електричните автомобили, опсегот во голема мера зависи од брзината.
Потрошувачката драстично се зголемува веќе при 80 km/h. Затоа германскиот магазин испратил дури 28 модерни електрични возила на автопат, од спортски до градски автомобили. Победник е Mercedes EQS кој успеал да помине растојание од 444 километри со едно полнење на батеријата. Најмалку поминала Mazda МХ-30, која по 140 километри била целосно празна.
До 434 km растојание минува и BMW iX xDrive, а со сите други возила за да го минете растојанието минато од Mercedes EQS и BMW iX xDrive би морале барем еднаш да застанете на некоја полначница за електрични автомобили.
Ова се резултатите или вистинската автономија на електричните автомобили со константна брзина од 130 km/h.
- Mazda MX-30 (140 km)
- Peugeot e-Rifter (164 km)
- Opel Combo e-Life (171 km)
- Mercedes EQB 350 (200 km)
- VW ID.3 Pro 150 kW (216 km)
- Mercedes EQA 250 (222 km)
- Cupra Born 170 kW (226 km)
- Volvo XC-40 Recharge (227 km)
- Opel Zafira (250 km)
- Polestar 2 Long Range (254 km)
- Polestar 2 Dual Motor Long Range( 258 km)
- Hyundai Ioniq 5 160 kW (261 km)
- Mercedes EQV (273 km)
- Kia e-Soul (280 km)
- Hyundai Ioniq 5 4×4 (290 km)
- BMW i4 M50 (299 km)
- Tesla Model Y Long Range (304 km)
- Kia EV6 (305 km)
- Skoda Enyaq iV80 (316 km)
- Audi Q4 e-tron 40 (326 km)
- VW ID.4 Pro (328 km)
- VW ID.4 GTX (332 km)
- Tesla Model 3 Performance (337 km)
- Porsche Taycan 4S (352 km)
- Audi RS e-tron GT (367 km)
- Ford Mach-E GT (367 km)
- BMW iX xDrive 50 (434 km)
- Mercedes EQS (444 km)