До неодамна незамисливо, во последно време се почесто, SUV/Crossover моделите се почесто се дел од трките за забрзување

Овој пат на стартната линија се германскиот тандем, Audi RS Q3 и Porsche Macan Turbo, наспроти италијанскиот Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio.

Она што е исто така интересно е да се види разликата помеѓу адутите на Porsche и Audi, кој чини третина помалку во однос на другите двајца конкуренти.

Треба да се има во предвид дека пуленот од Инголштат под капакот на моторот носи 2.5-литарски TFSI турбо мотор со 400 КС. Што се однесува до Macan, тој исто така носи агрегат од Audi односно 2.9-литарската RS5 единица со 440 КС.

Конечно, тука е QV-верзијата на Stelviо. Иако е најтежок, тој е најмоќниот во оваа тројка, бидејќи под капакот е поставен новиот моќен twin-turbo V6 мотор со потекло од Ferrari, со 510 коњски сили.

Епилогот? Откријте го сами во приложеното видео.

извор: Carwow