Германската марка го претстави концептното издание за моделот RS e-tron GT

Концептот е само вовед во првиот електричен автомобил со високи перформанси на Audi, кој на пазарот треба да се појави во 2022 година. Претставниците на германската марка наведуваат дека моделот ќе биде „нов почеток“ за одделот Audi Sport, бидејќи истиот означува старт на електрификацијата на перформансните модели на Германците.

Audi покажа камуфлиран автомобил, иако се чини дека маскaта е поставена само од промотивни причини, а не со цел да се сокрие нешто. RS верзијата се базира на стандардниот e-tron GT.

Кога станува збор за дизајнот, нема големи изненадувања, сето тоа е во согласност со сегашниот стил што го нуди Audi. Погледот од напред ни открива лажна или декоративна решетка за ладилник и мали отвори за воздух кои кај EV моделите не се од некоја посебна важност. Страничен поглед покажува силно изразена купе линија. Што се однесува до тркалата, од Audi наведуваат дека можат да бидат со дијаметар од 21 инчи на двете оски, или 19 инчи напред и 20 инчи позади.

Внатрешноста засега е само делумо позната од причина што Германците очигледно не сакале подетално да ја покажат, па затоа од изгледот на кабината можност имаме да видиме само каков ќе биде воланот, додека остатокот е маскиран.

[useyourdrive dir=”16ajDfQxByCOgSLdkOldoAeen191HGDJH” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Моделот ќе се базира на платформата Ј1, која дебитираше со Porsche Taycan. Концептот e-tron GT користи два електромотори кои му овозможуваат на возачот огромни 684 КС и 820 Nm, a забрзувањето според компанијата е за помалку од 3,5 секунди.

Автомобилот ќе користи батерија од 93,4 kWh, од кои 83,7 kWh му се достапни на возачот. Audi не дава никакви информации во врска со автономијата со едно полнење, иако некои медиуми шпекулираат дека истата ќе биде поголема од 600 км.

https://youtu.be/v4BpctioFAI

Сериското издание на Audi RS e-tron GT треба да се најде на пазарот во текот на 2022 година.