Прекумерната тежина е голем противник на перформансите. Противниците на електричните спортски автомобили токму овој атрибут го наведуваат како една од главните негативни страни.

Сепак, електрификацијата е во полн ек и иако полесно е подобро, доброто управување со масата може да направи голема разлика.

Audi RS e-tron GT, кој бил тестиран од шпанското издание km77.com, тежи дури 2,5 тони. Сепак, тоа не му пречело „како господин“ да помине низ конусите. Мора да се признае, RS e-tron GT не успеал да направи успешен обид при 77 km/h, но бил многу блиску, со беспрекорна вежба изведена при брзина од 75 km/h, додека автомобилот бил во Dynamic режим, што ја зацврстува суспензијата, иако наваленоста на телото е далеку од незабележлива. RS e-tron можеби има многу моќ, но неговата примарна мисија е удобен превоз за пет лица.

Иако електричниот автомобил на Audi ги „цивнал“ конусите при поголема брзина, прецизната, предвидлива природа на ова возило е навистина јасна. Со брзина од 75 Ауди, RS e-tron ги извеl сите маневри без грешка, додека дури и при поголеми брзини не покажал претерано преуправување или подуправување.

Тест возачите велат дека излезната брзина на e-tron на тестот била доста висока, што сугерира дека електронскиот систем за стабилност е посуптилно ангажиран отколку кај другите модели. Неговата електронска сопирачка не изгледа толку агресивно како кај другите електрични автомобили, и што е најважно, e-tron никогаш не покажал никакви карактеристики што би можеле да бидат означени како опасни или ризични.

Слична приказна важи и за слаломот. Автомобилот ја поминал вежбата вешто и самоуверено, обезбедувајќи чувство дека промените на правецот се направени „доволно брзо“. Интересен избор на зборови, бидејќи и покрај фактот дека e-tron е совршено избалансиран, тој не може да ја смени насоката доволно брзо за да ги избегне конусите.

Се разбира, ова е директна последица на големата тежина, бидејќи за споредба, e-tron има маса од еден голем камион. Иако менаџирањето со масата помага во секој случај, дефинитивно има свои граници.