Audi ли е, Tesla ли е? Ваква преработка досега не сте виделе / ВИДЕО
Уникатната обработка доаѓа од Америка
Иако во нашите краишта за многумина ова е автомобил од соништата, особено со V8 мотор, од другата страна на Атлантикот важат некои други правила. Го признале тоа или не, електричните погони на Tesla се денес во фокусот на јавноста, па не е ни чудо што се прават вакви модификации.
Што тоа значи во овој случај? Тоа значи дека Audi S5 го изгуби својот 4.2 V8 атмосферски мотор и, наместо него, под хаубата е поставен електричниот погон од Tesla S 85D, но со еден електричен мотор. Она што е особено интересно е дека Quattro погонот останал. Ако се прашувате каде авторот го сместил батерискиот сет, одговорот е делумно во багажникот, но и на местото на задните седишта. Сопственикот вели дека возните перфоманси се одлични, дури и подобри од оригиналот. Единствено што недостасува е звукот на оригиналот.
Приказната за оваа уникатна преработка може да ја видите во приложеното видео.