Една година по лансирањето на новата генерација на седанот А6, германскиот производител ја заокружува понудата на овој модел со верзијата Allroad

Audi ја продолжува традицијата на производство на „крос“ верзија на караванот A6 која ја започна во 1999 година со првата генерација на овој автомобил.

Новиот A6 Allroad на пазарот за место под сонцето ќе треба да се избори со модели како што се Mercedes E-класа All-Terrain или Volvo V90 Cross Country.

Audi објави дека новата генерација на овој автомобил е опремена со прилагодлив систем за потпирање, со прилагодливо растојание од земјата, во зависност од избраниот режим на возење и брзината на возилото.

Кога се избираат режимите Auto и Comfort, клиренсот е 139 mm, додека во максимално подигната положба Allroad е за 45 mm повисок. При брзини поголеми од 120 km/h, автомобилот автоматски се спушта за 15 mm. Во режимот Offroad, кој се користи на неасфалтирани патишта, брзината е ограничена на 80 km / h, а каросеријата автоматски се подига за дополнителни 30 mm.

Новиот A6 Allroad исто така е опремен со систем за контролирано спуштање по стрмен терен. Брзината е автоматски ограничена на 30 km/h, а оваа граница може да биде и помала, ако тоа го сака возачот.

Во моторната понуда се наоѓаат три погонски опции на 3.0 TDI V6. Основната верзија генерира 231 КС (170 KW) и 500 Nm од максималниот вртежен момент. Средната варијанта е дизел мотор од 210 КС и 620 Nm, а на врвот од понудата е A6 Allroad Quattro 55 TDI со 350 „коњи“ (257 kW) и 700 Nm. Најмоќниот модел од 0-100 km/h забрзува за 5,2 секунди.

Сите три верзии се опремени со таканаречен „благ“ хибриден погон, додека моќта се пренесува на сите 4 точки преку 8-брзински Tiptronic автоматик и Quattro погонот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Audi A6 Allroad во европските продажни салони ќе пристигне до крајот на месецот, а препорачаната малопродажна цена започнува на 61.500 евра.

Loading...