Официјално потврдено!

BMW и Jaguar Land Rover официјално потврдија дека ќе ги здружат силите во развојот на електрични погонски единици (EDU) од следната генерација. На овој начин, двете компании ќе го задржат чекорот со напредокот на технологиите за електрификација.

Пред четврт век, BMW ја купи групацијата Rover, во која влегуваше и Land Rover. Сепак, баварскиот производител не го задржа британскиот бренд во своја сопственост и во 2000. година го продаде на Ford. Денес BMW и Land Rover повторно ќе соработуваат, иако не како дел од ист ентитет.

Имено, BMW и Jaguar Land Rover чиј сопственик сега е компанијата Tata Motors, објавија дека ќе соработуваат во развојот на „електричен погон од новата генерација кои ќе бидат дел од развојот на технологиите за електрификација неопходни за транзиција кон ACES иднина (ACES – Autonomous, Connected, Electric and Shared). Во превод значи автономна, поврзана, електрична и заедничка иднина.

Овие нови електрични погонски единици, кои двете компании ќе ги развиваат заедно, ќе бидат базирани на најновата технологија на BMW Group. Имено, петтата генерација (Gen 5) eDrive технологијата има електричен мотор, пренос и напојување со електрична енергија во една куќиште. Ако може да се верува на Баварците, нивните електромотори не бараат ретки хемиски елементи, што овозможува помала зависност на BMW од нивната достапност.

BMW Group единицата Gen 5 eDrive ќе ја претстави во 2020 година. Првиот модел во кој ќе се најдат се целосно електричниот SAV модел, BMW iX3. Потоа, BMW и Jaguar Land Rover ќе работат и понатаму заедно на подобрување на електричните погонски единици Gen 5.

На овој начин, двете компании ќе заштедат многу пари. Погонските единици на платформата Gen 5 ќе бидат развиени заеднички со експерти на BMW и JLR во Минхен.