Audi ги гаси моделите A1 и Q2
Audi се откажува од најмалите модели
Според извршниот директор на Audi, Маркус Дузман, Audi A1 и Q2 нема да добијат свои наследници во идни генерации бидејќи стратегијата на марката се свртува кон поголеми, полуксузни модели и електрификацијата.
Производството ќе се прекине во неколку фази, постепено, бидејќи VW Group ја редефинираше моделната гама според која VW, Škoda и Seat ќе бидат задолжени за малите модели.
Ова првенствено се однесува на моделот Q2, кој дефинитивно заминува во пензија, а се шпекулира дека најмалиот А1 би можел да прерасне во модел А2 со секако неизбежната електрификација.