Audi дефинитивно „раскрстува“ со моторите со внатрешно согорување
Шефот на германската марка Маркус Дисман потврди дека Audi ќе престане да произведува возила со СУС мотори во 2033 година
Значи, за дванаесет години, овој производител ќе изврши целосна трансформација и ќе се префрли на возила со батерии. Дисман изјави дека последната генерација на термички мотори на Audi ќе излезат на сцена во 2026 година и дека марката потоа нема да инвестира во развој на вакви погонски единици.
Но, тоа е само за Европа, бидејќи Audi ќе продолжи да нуди SUS единици за други пазари, пред се за Кина, каде според прогнозите на управата на марката со четири прстени, ќе има сериозна побарувачка за вакви мотори и по 2033 година.
Наместо традиционални модели, Европјаните ќе добијат нова палета на е-tron автомобили, кои ќе бидат членки на EV сегментот. Дисман вели дека до 2025 година, Audi ќе додаде повеќе од 20 е-tron модели во своето портфолио.
Предводник на EV гамата се очекува да биде Q9 e-tron, кој всушност ќе биде електричен пандан на конвенционалниот Q8. Се верува дека Q8 ќе биде последниот Audi со мотор со внатрешно согорување, барем кога станува збор за европскиот пазар.
Дисман исто така вели дека не верува во какви било забрани за продажба на SUS модели.
„Убеден сум дека такво нешто нема да ги донесе посакуваните резултати. Верувам во успехот на технологијата и иновациите “, заклучува првиот човек на Audi