Арапските шеици наметнуваат нов тренд – „мермерни“ автомобили
Најновиот крик на автомобилската мода е веќе е на улиците во Лондон
Во Лондон се забележани два скапи супер-автомобили со регистерски таблички од Дубаи – Ferrari 812 Superfast и Bentley Bentayga, кои изгледаат како да се направени од бел мермер. Според Fox News, овој вид декорација се здобива со голема популарност помеѓу богатите сопственици на луксузни автомобили.
Се разбирам, не на сите им се допаѓа ова. Повеќето од анкетираните ги споредиле автомобилите со „мијалник во нискобуџетен хотел“ и се категорични дека убавите автомобили од ваков вид изгледаат смешно.
Факт е дека „мермерната“ винилна фолија применета на каросеријата дефинитивно не одговара на сите автомобили.
Експертите велат дека технологијата има многу предности, бидејќи ги штити скапите автомобили од гребење и греење. Покрај тоа, сопственикот на автомобилот може да ја врати оригиналната надворешност со отстранување на фолијата кога сака.
Некои тјунунг студија исто така веќе го користат „мермерниот“ дизајн. Едно од нив е Mansory, кој Bugatti Veyron кој го претстави на Саемот за автомобили во Женева. Телото на автомобилот е покриено со посебен материјал наречен Marble Collage (мермерен колаж).