Со продажбата на Opel, aмериканскиот General Motors скоро целосно се повлече од Европа

Но сега имаат нов производ со кој сакаат да постигнат значителен пазарен резултат.

Станува збор за ARIV, електричен велосипед кој на пазарот ќе може да се најде во во две верзии. Meld е компактна верзија на велосипед, додека Merge е склопливата верзија, а GM истакнува дека идните корисници активно учествувале во нивното создавање.

Електричниот велосипед ARIV прво ќе ги „нападне“ најјаките европски пазари, како Германија, Белгија и Холандија. Цените се познати и се движат во опсег од 2.750 евра за Meld до 3.350 евра за Merg, но само во Германија. Во Белгија и Холандија цената е 50 евра повисока.

Електричниот погон нуди четири нивоа на асистенција, и во крајна линија може да се вози до максимални 25 km/h. За полнење на батеријата се потребни 3,5 часа кои овозможуваат автономија од 64 километри.

Стандардната опрема освен LED светла и моќни сопирачки, ја вклучува и апликацијата Ariv ebike како и Quad Lock држач за мобилен телефон и интегрирани USB порти.