Следната година Tesla планира цела Европа да ја покрие со суперполначи

Многу пати докажано, електричните автомобили се особено добри ако имате пристап до брзи полначи, но ако не, ќе бидете во голема неволја. Еден од предусловите за подобра продажба на електрични автомобили во Европа е развојот на инфраструктурата за полнење.

Илон Маск на Twitter потврди дека Tesla во 2019 година ќе постави серија суперполначи на Стариот континент. Како што вели тој, ќе биде покриено се „од Киев до Ирска и од Турција до Норвешка“. Ова е дефинитивно голем и амбициозен проект, а прашање е дали навистина е можно ова да се направи за една година..

Дали и Македонија спаѓа во таа покриеност, останува да видиме.

Јасно е дека Tesla го подготвува теренот за поголема продажба на своите возила во Европа, особено со оглед на тоа што веќе започнаа маркетиншките активности за продажба на Model 3 од оваа страна од големата бара.

Во моентов во Европа има околу 1.300 суперполначи, главно во западниот и централниот дел на континентот. Постојат голем број на полначи во Германија, Норвешка, Шведска, нешто помалку во Франција и Велика Британија, а се уште многу помалку во Италија и Шпанија.

Илон Маск најавува дека по Европа , бројот на полначи ќе го зголеми и во Африка.