Фернандо Алонсо се квалификуваше за Indy 500 – стартува од 26-та позиција

Двократниот светски F1 шампион Фернандо Алонсо своето деби на оваа трка го направи пред две години, и иако водеше во одредени моменти, не ја постигна целта поради откажување на моторот. Истата година, Алонсо ја пропушти Гран-при трката на Монако таа година за да вози на легендарната трка. Алонсо повторно се обиде минатата година, но не успеа да се квалификува. 

Оваа година Индианополис 500 требаше да се случи во мај, но трката беше одложена за 23 август поради пандемијата на коронавирус.

Саботните квалификации ги одредуваа стартните позиции од 10-30, а најдобрите девет во нова трка се борea за најдобрите стартни позиции. Пол позицијата ја освои Американецто Марко Андрети. 

Доколку успее да победи, Алонсо ќе биде само вториот човек што ќе триумфирал на трите најголеми трки во светот: Индианополис 500, Гран При на Монако во Formula 1 и 24 часа Ле Манс. Досега тоа му успеало само на Греам Хил, а на Шпанецот му фали само уште победа на Инди 500. Алонсо има по две победи во Монако и на Ле Манс.

Со оглед дека следната година Шпанецот ќе се врати во Formula 1 по двегодишно отсуство, откако потпиша двoгодишен договор со Renault, тој истакна дека не планира да се врати во Индијанаполис во следните две години, што значи дека овогодинешното издание на трката е негова единствена можност во блиска иднина да ја заврши со „тројна круна“ во мотоспортот.

104. издание на Индианополис 500 ќе се вози на 23 август, без присуство на публика.