Алонсо успешно опериран, ќе биде подготвен за стартот на сезоната
Како што известивме претходно, Фернандо Алонсо во четвртокот имаше сообраќаен инцидент
Возејќи со велосипед беше удрен од автомобил, а како резултат на падот се здоби со скршеница на вилицата по што мораше да биде подложен на оперативен зафат. Од неговиот тим Alpine, за кој ќе вози следната сезона во Formula 1, велат дека сè поминало како што треба.
По две години пауза, Фернандо реши да се врати во најбрзиот циркус на светот, во тимот со кој ги освои своите своите две шампионски титули, макар и со ново име. Новиот возач на Alpine екс Renault F1 нема да има проблеми во подготовките за сезоната поради падот од неговиот велосипед и навреме ќе биде подготвен за стартот на сеозната.
Alpine F1 Team Statement pic.twitter.com/P2yXlpyCBj
— Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) February 12, 2021
„Лекарите открија скршеница на горната вилица и извршија успешна корективна операција. Тие се задоволни од напредокот и закрепнувањето. Фернандо ќе остане во болница два дена под опсервација. По неколку дена одмор, тој ќе може да се врати на тренинзите. Очекуваме тој целосно да се опорави кога ќе започнат подготовките за новата сезона“, се вели во соопштението од Alpine.
Првата трка во Formula 1 во 2021 година ќе се вози во Бахреин на 28 март.