![Алонсо сега за сега отфрла понуди за настап на некои „легендарни“ трки, но…](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/02/Alonso.jpg)
Алонсо сега за сега отфрла понуди за настап на некои „легендарни“ трки, но…
По победата на 24 часа Дејтона на крајот од јануари, главната цел на Фернандо Алонсо е да ја освои трката Indy 500 во мај и да стане WEC шампион со своите колеги од Toyota
Иако многумина се зборуваше дека Алонсо ќе се проба и во некои други серии, како што е Dakar или Nascar, новиот амбасадор на McLaren вели дека е среќен што не го преоптоварил овогодинешниот распоред.
Прашан какви му се плановите за тркање во втората половина на 2019 година, Алонсо вели дека такви планови нема.
„Ми приоѓаат од различни серии и различни екипи за да возам „легендарни“ трки, но јас ги одбивам сите. Сега не е вистинското време. Почетокот на годината беше многу, многу бурен, од Дејтона до тестирање за WEC во Арагон и Себринг. Сега имаме трка во Себринг и подготовки за Indy, Спа [WEC] и Ле Ман. До јуни или јули ќе бидам целосно зафатен. Вториот дел од годината планирам да го користам за подготовки за 2020 година“, вели Алонсо.
Алонсо вели дека гласините за негово приклучување кон разни серии се само шпекулации односно невистини, но тој не ја отфрла можноста да се обиде во нешто ново во иднина.
„Во главно сето тоа се само претпоставки – така се започнува, а потоа шефовите и промотерите на разните серии ќе го прочитаат тоа, па ќе ме повикаат. Се обидуваат да ме убедат. Сепак, во моментов не ме интересира ништо, но не ја отфрлам можноста за нешто во иднина. Да се победи на Дејтона е добро чувство, па уште некое такво големо искуство секако би било одлично“, вели Алонсо.