Ова е трета компанија од областа на интернет трговија во Кина која работи на развој на самоуправувачки автомобили

Кинескиот интернет гигант Alibaba Group го потврди написот во изданието China Daily, дека нејзина група на специјалисти развива технологии за автономно управување. Треба да се напомене дека ова е трета кинеска компанија во сферата на интернет трговија која тргнува во раазвој на беспилотни возила.

Претходно кинеските медиуми пишуваа дека компанијата редовно тестира автономни автомобили, за сега овие информации официјално да бидат потврдени. Претставници на интернет компанијата велат дека тие се потпираат на беспилотни системи за управување со автомобил без апсолутно никаква интервенција на возач.

Во март, Baidu доби дозвола од владата да тестира автономни модели на јавните патишта во Пекинг. Дотогаш, тестирањата на беспилотни автомобили во Кина беа нелегални.