Новата луксузна руска државна лимузина успешно ги поминала серијата на краш тестови и наскоро ќе го угости претседателот на Руската федерација

Иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин на рускиот пазар да биде лансирана линија на домашни, луксузни седани и теренци под обединето име Кортеж, е во финална фаза.

Идејата беше претседателот да има свое посебно возило, но напоредно да биде развиена и линија за другите високи државни службеници, во која ќе влезат специјализирани возила, миниванови и SUV автомобили.

Дел од производството на овие возила би биле достапни и на слободниот пазар.

По бројните тестови, Кортеж ќе биде подготвен за сериско производство подоцна оваа година, потврди рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров. Тој за руските вести изјави дека седанот на Путин бил подложен на серија на краш тестови, а резултатите биле „позитивни“.

„Автомобилот наскоро ќе биде подготвен за јавна презентација“, вели Мантуров.

Точниот датум на промоција не е објавен, а претходно имаше шпекулации дека ова може да се случи на 7 мај, за време на претседателската инаугурација на Путин.

Како и да, Мантуров се надева дека рускиот претседател наскоро ќе почне да ја користи новата лимузина.