Alfa Romeo MiTo заминува во историјата!

0

Потребата за хеџбек модели со три врати и понатаму продолжува да паѓа во Европа, а како последица, уште еден ваков автомобил наскоро ќе престане да се произведува. Овојпат станува збор за Alfa Romeo MiTo

Alfa Romeo MiTo започна да се произведува во 2008 година, а базиран е на платформа која ги поддржува и моделите Fiat Grande Punto и Opel Corsa D. Денес се продава и со бензински и дизел агрегати, како и со три опции за пренос.

Според најновите извештаи, MiTo ќе престане да се произведува во почетокот на 2019 година, а одлуката е донесена како резултат на тоа што се поголем број луѓе се решаваат за автомобили со пет врати.

На оние кои им се допаѓа овој мал хеџбек модел и кои би сакале да го купат, треба да побрзаат бидејќи истиот нема да добие нова генерација, односно, директен наследник. Наместо тоа, ќе се трансформира во мал кросовер модел, кој ќе биде позициониран под моделот Stelvio во моделната гама на компанијата.

Од компанијата очекуваат купувачите на МиТо алтернативата да ја пронајдат или во моделот Giulia или во новиот кросовер. Како што е најавено, новиот кросовер модел ќе го пополни јазот помеѓу моделите Giulia и Stelvio. Италијанскиот бренд сеуште неименуваниот кросовер на пазарот ќе го лансира до 2020 година.

Моделот Mito во Италија се продава по цена од 13.900 евра. Се продава во три варијанти и тоа Urban, Veloce и Veloce S.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »