5 најтесни градски автомобили

0

Во големите градови, автомобилите сè повеќе на располагање имаат се помалку паркинг простор

 

Покрај тоа, веќе неколку години честа практика на локалните власти во западните земји е да ги намалат местата за паркирање за да создадат дополнителни. Од друга страна, автомобилите се сè поголеми, дури и хеџбек моделите, додека SUV / crossover возилата имаат континуиран раст на продажбата.

Од сето наведено, само од себе произлегува дека малите, чисти автомобили се најпогодни за урбана експлоатација. Од таа причина, WhatCar го избрал петте најтесни градски „мали“ автомобили:

Hyundai i10

Ширина: 1.660 милиметри

Корејски претставник е типичен градски автомобил. Тесен е со висок профил, а покрај тоа има и пет стандардни врати. Доаѓа со голем избор на ефикасни мотори, кои се одликуваа со тивка и лесна работа. Сите верзии ги краси просторната кабина, како и водечки во класата инфо-забавен систем.

Seat Mii, Škoda Citigo, Volkswagen Up!

Ширина: 1.641 милиметри

Три сестрински модели носат различни ознаки, но се работи за ист модел. По ширина се исти, но се позиционирани нешто поинаку. Up! е нешто попрестижен, но за тоа и поскап. Citigo е за „широки маси“, затоа и најевтин, додека Mii се наоѓа насекаде во средината, целејќи на поспортки луѓе.

Citroen C1, Peugeot 108, Toyota Aygo

Ширина: 1.641 милиметри

Повторно три сродни модели, два француски и еден јапонски, кој е најскапиот.

Suzuki Celerio

Ширина: 1.600 милиметри

Иако Celerio е најмалиот и најевтини модел на Suzuki, тој не е толку „основен“ колку што може да се очекува. Сите верзии доаѓаат со DAB радио, електрични лизгачи напред и пета врата. Достапен е само еден мотор – 1.0-литарски бензинец со 68 КС.

Kia Picanto

Ширина: 1.595 милиметри

Основен задача на градските автомобили е да понудат ефтин превоз со што помалку компромис во поглед на внатрешниот простор, квалитет и возни карактеристики. Picanto ги задоволува сите критериуми. Осигурува комфорно и квалитетно возење од Celerio и Citigo и има подобар квалитет на ентериерот. Моделот е најтесен на пазарот.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »