За Tonale веќе одамна се зборува и пишува, но сега барем италијанската марка и официјално потврди дека премиерата ќе се одржи на следниот саем во Женева, на 17 февруари 2022

Кросоверот Tonele треба да биде вовед во новата ренесанса на брендот од Милано, која во моментов има само два модели во целата гама. Овој теренец ќе биде сместен во C сегментот и ќе биде воведен модел во портфолиото на Alfa уште некое време. Така ќе остане се додека кросовер од Б сегментот не се појави на пазарот (најверојатно во 2024 година).

Клучно е што Италијанците објавија дека целосната премиера ќе се одржи следниот февруари. Ова остава простор да се остварат гласините дека Alfa Romeo ќе прикаже официјални фотографии од сериската варијанта на Tonale пред крајот на тековната година, како почеток на промотивната кампања за доаѓањето на новиот кросовер.

Продажбата на Tonale се очекува да започне во јуни 2022 година. Alfa Romeo има особено високи очекувања од овој SUV модел и се планира годишно производство од 100.000 примероци. За потсетување, Tonale ќе биде достапен и во plug-in хибридно издание.

Покрај тоа, Alfa Romeo не планира Tonale да го нуди со дизел мотори, туку исклучиво бензински мотори кои ќе бидат поддржани со благ хибриден систем.

Tonale ќе биде глобален модел и Alfa Romeo планира да го понуди на сите „интересни“ пазари надвор од Европа.