Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio во трка на 400 метри

Alfa Romeo се врати на големата сцена, тука повеќе нема дилеми, а предводниците во гамата претставуваат нешто посебно, особено во однос на перформансите, иако продажбата се уште не е на високо ниво.

Италијанската филијала на изданието Motor 1, на стартната линија ги ставила двата Quadrifoglio модели. Двата автомобили под хаубата имаат 2.9-литарски V6 со 510 КС и 450 Nm, споен со осум-брзински автоматски менувач. Главната разлика е во начинот на кој моќта се испраќа до асфалтот. Имено, додека Giulia целокупната моќ ја добива на задните тркала, Stelvio располага со интегрален Q4 погон.

Од друга страна, предноста на Giulia е тоа што е 150 килограми полесна од својот crossover пандан.

Како сето тоа изгледа и кој е победникот, погледнете во приложеното видео.