Легендарниот италијански производител во јуни оваа година ќе одбележи 110 години постоење

Брендот Alfa Romeo во јуни оваа година ќе одбележи 110 години во светот на автомобилите, препознатливи по технолошки иновации, спортски успеси и незаборавни креации на четири тркала.

За да го прослави настанот, Centro Stile Alfa Romeo креирал ново лого кое ќе се појави на автомобилите на овој бренд во годината во која се слави овој јубилеј.

Инаку, централната прослава на 110-тиот роденден ќе се одржи на 24 јуни, кога славниот музеј Il Museo Storico Alfa Romeo ќе биде домаќин на клубови и фанови на марката.

Alfa Romeo, годишнината ќе ја одбележи и на традиционалните автомобилски настани, како што се трката Mille Miglia во мај и фестивалот за брзината во Гудвуд (Goodwood Festival of Speed), во јули во Англија.