Високиот шкотски актер е креатор на спецификациите за еден Бонд автомобил 

На 31 октомври, Сер Шон Конери почина на 90-годишна возраст. Актерот се прослави со првиот филм во кој го играше британскиот таен агент 007, за потоа да стане олицетворение на Џејмс Бонд во вкупно шест филмови. Со својот природен шарм и машка харизма, неговиот Бондовски Aston Martin DB5 го претвори во скап колекционерски предмет.

Сепак, покрај Aston Martin, неговата висина од 188 сантиметри е причина за пар уникатни 2000GT направени од Toyota специјално за филмската адаптација на романот на Јан Флеминг, во 1967 година, You Only Live Twice. Еден од тие филмски автомобили и денес е паркиран во музејот на автомобили во Toyota.

Произведен во ограничен број со заедничко вложување помеѓу Toyota и Yamaha, 2000GT имал се што може да се очекува од спортски Gran Turismo од 1967 година, вклучувајќи елегантно алуминиумско куќиште, луксузна кабина, суспензија со двојни рамења, 2.0-литарски 6-цилиндерски линиски мотор со два брегасти осовини и петстепен менувач. Подоцна, моторот пораснал до 2,3 литри, а кон списокот на опции се придружил и 3-степен автоматски менувач. Сепак, функционалниот мек кров не бил во плановите – дури ни за Џејмс Бонд.

Тимот на Toyota прво предложил Targa кров, но продукцијата побарала кабриолет за подобро да ги долови лицата на актерите. Toyota имаla само две недели да го постигне ова, а откако го отстраниа покривот, тие исто така го спуштиle автомобилот за околу еден сантиметар. Потоа шофершајбната била заменета со акрилен дел за полесно снимање.

Кабриолетот во музејот на Toyota го открил вработен на компанијата на Хаваи, по што компанијата го вратила во Јапонија за целосна реставрација. До 1970 година, само 351 примерок од 2000GT ја напуштиле фабриката Yamaha Motors, сите во купе форма.