Како и во случајот со неговите претходници, Seat Leon ќе биде уште една изведба на моделот на основите на новиот Golf.

Со оригинален дизајн и добро позната механика, новиот Leon треба да плени со деталите, а судејќи според видеото од компанијата, акцентот е ставен на светлосниот потпис.

Внатре дигитален кокпит, како во Golf со амбиентално осветлување. 

За повеќе, ќе треба да ја сочекаме премиерата најавена за 28 јануари следната година.