Со Model Y, Tesla ќе ja комплетира линијата S3XY

Споменатата гама е замислена да биде „погонска осовина“ на американскиот производител, а со доаѓањето на Model Y, се очекуваат уште подобри продажни резултати.

Иако Tesla сè уште не доставила никаква официјална информација во врска со извештајот на Deutsche Bank, во кој се вели дека првите копии на Model Y ќе бидат доставени уште во првиот квартал од следната година.

Според првичниот план, помалиот теренец на Tesla до своите први сопственици требаше да стигне до крајот на следната година, но како што стојат работите сосема е можно тоа да се случи и порано.

Снабдувачите на Tesla од Тајван велат дека американскиот бренд значително ги забрзал нарачките за делови и компоненти и дека сè се случува многу побрзо од предвиденото.

Очигледно, брендот на електрични автомобили успеа да се консолидира по неколку прилично тешки години кога капацитетот на производството беше „тесно грло“, а ниту продажбата не одеше по замисленото.

Илон Маск неодамна го претстави Cybertrack, кој и понатаму е главна тема на буквално сите професионални медиуми во светот, а според првичните информации, досега пристигнале повеќе од 250.000 нарачки за овој електричен пикап. Сепак, Model Y е далеку поважен за Tesla, бидејќи самиот Маск во неколку наврати има изјавено дека верува во Model Y  и зголемена продажба по неговото претставување.