Најмоќниот, воедно и најекономичен модел во понудата на Toyota
Toyota на тековниот Auto Show во Лос Анџелес премиерно ја прикажа plug-in хибридната варијанта на теренецот RAV4
Конкретно, новата изведба во Америка под името Prime, испорачува дури 225 kW / 306 КС, повеќе од кој било модел досега, гледано низ генерациите на моделот
Максималната моќност во овој семеен пакет значи 6,2 секунди до 100 km/h, но и 60 километри за минување исклучиво на струја. Новина е дека сега 2.5-литарскиот бензинец е во придружба на Li-Ion батерија.
Во Toyota очекуваат дека со овој драстичен чекор ќе успеат да привлечат нови клиенти и да обезбедат безгрижна иднина на нивните SUV адути, без разлика дали е таа „фосилна“, хибридна или електрична. Тековните бројки за продажбата ја поддржуваат оправданоста за оваа изведба на пазарот. Имено, од 120.000 продадени примероци во Западна Европа, дури 105.000 имаат хибриден погон.
Цената и датумот на стартот на продажбата на овие простори ќе бидат објавени подоцна.