Volkswagen во Лос Анџелес претстави концепт на електричен караван од семејството ID

ID Space Vizzion е најава за сериски модел кој ќе биде достапен во Европа и Северна Америка.

Дизајнот на ID Space Vision на некој начин е 2/3 караван и 1/3 кросовер. Според VW, тој го комбинира аеродинамичкиот дизајн на Gran Turismo со пространоста и разноврсноста на SUV модел.

Концептот е долг е 4.958 mm, висок 1.529 mm, широк 1.898 mm, со меѓуоскино растојание од 2.964 mm. Има екстремно низок коефициент на отпор на воздухот од 0,24 Cd, а поставен е на алуминиумски тркала од 22 инчи.

Концептот располага со моќност од 275 КС и 550 Nm со погон на задните тркала, а како шрто наведуваат од компанијата ќе биде достапен и со погон на двете осовини и моќност од 355 КС.

До „стотка“ ќе забрзува за точно 5 секунди, додека најголемата брзина ќе биде електронски ограничена на 175 km/h.

Благодарение на својата батерија од 82 kWh, ќе може да патува скоро 600 километри според новиот WLTP стандард со едно полнење на батеријата. Батеријата со 80% од својот капацитет ќе може да се надополни за 30 минути.

Во салонот доминира мултимедијалниот екран на допир од 15,6 инчи, додека сите информации за возачот се достапни преку примарниот Augmented Reality (AR) head-up дисплеј кој е замена за традиционалниот кокпит.

Концептот доаѓа со четири патнички места, иако од Volkswagen велат дека во опција ќе биде и верзија со пет места кога ќе се влезе во сериско производство.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”17gL7KZ6rjMbjFTlfPEtRqEXH1pD8ppgU” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]