Само еден електричен автомобил може да се користи за легендарното NYC Taxicab

Веројатно претпоставувавте, станува збор за Tesla Model 3, а веста за реномираното издание Carscoops е потврдена од портпаролот на Taxi & Limousine Commissiona, Алан Ферберг.

Тој е единствениот целосно електричен модел, додека хибридите веќе некое време се вообичаена појава. Покрај популарните модели на Toyota, во возниот парк се вклучени и домашни производители како Ford и Chrysler.

Tesla Model 3 веќе е признат како подобен за такси-услуги. Најголемата флота е регистрирана во Холандија, а градот Дубаи најави купување на 200 примероци исто така наменети за такси услуги.