Викендов во салонот на Volvo Cars Macedonia официјално беше претставена третата генерација на луксузниот спортски седан Volvo S60

Луксузниот седан со неговата трета генерација претставува првиот модел на брендот кој нема да биде понуден со дизел мотори, туку исклучиво во бензинска и хибридна варијанта. S60 e опремен со сите најнови технологии на шведскиот бренд, а првиот автомобил изложен во салонот на Volvo Cars во Скопје под капакот на моторот носи Т5 бензински агрегат со 250 коњски сили.

Основната цена на моделот изнесува 49.950 евра (без акциските понуди кои се во тек во Volvo Cars Macedonia), a моделот е достапен со Т4, Т5, Т6 и Т8 мотори. Т4 обезбедува 190 КС и доаѓа со погон исклучиво на предните тркала, додека Т5 (250 КС) и Т6 (310 КС) се достапни во варијанта со погон на сите четири тркала.

Двета хибридни верзии, односно T6 и T8 Twin Engine AWD, доаѓаат со погон 4х4 и моќност од 340 и 400 коњски сили. Најсилната изведба е специјалната Volvo S60 Polestar со моќност од 405 КС.

Спортскиот седан се базира на SPA платформата, на која се базирани и новиот XC60, моделите од серијата 90 и новиот караван V60. Новитет се и технолошките системи во областа на безбедноста, како City Safety кој ги активира автоматски сопирачките при препознавање на пешаци и големи животни, прилагодлив автопилот кој му помага на возачот при забрзување и вртење при брзина до 130 km/h, a тука е и системот за спречување на напуштање на сообраќајната лента.

За повеќе информации обратете се во салонот на Volvo Cars Macedonia или посетете ја нивната веб страна www.volvocars.com.