BMW M продолжува да го проширува своето портфолио

Овој пат перформантен третман добил двоецот X5 и X6. И двата модели користат ист мотор, а тоа е 4.4-литарски твин-турбо V8 кој располага со 600 КС и 750 Nm. Оваа понуда се однесува на стандардниот модел, а во понуда е и варијантата M Competition.

Оваа верзија нуди 617 КС и ист вртежен момент. Преведено во перформанси, наведените автомобили со M Competition пакетот до 100 km/h забрзуваат за 3,8 секунди, со максимална брзина електронски ограничена на 250 km/h.

Погонот на сите тркала се подразбира, а за пренос на моќноста задолжен е веќе докажаниот осумстепен автоматски менувач. Ако некому не му се доволни 250 km/h, опционално е достапен и M Driver пакетот со кој максималната брзина се искачува на 285 km/h.

Новите X5 M и X6 M имаат поинаква суспензија од стандардните модели, значително потврда, за на правилен начин да се поддржи спортско-ориентираниот погон.

Промени има и во изгледот на двата автомобили. Покрај специфичната решетка, тука се и новите капаци на ретровизорите, поголемите отвори за воздух … Во салонот се користени поквалитетни материјали за впечаток на уште поголема ексклузивност и луксуз.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1hW7Gbpk00jJQbK8GOPJHjf3HFZ0_8lnA” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новите BMW X5 M и X6 M на пазарот пристигнуваат следната година, а првите примероци патот до своите нови сопственици ќе го најдат следната пролет.