Никако не се обидувајте! Возел по автопатот, го вклучил автопилотот и решил да игра видео-игра
Иако сите верзии на модели на Tesla во моментов поддржуваат возење со помош на автопилот, Tesla постојано предупредува дека возачите сè уште треба да бидат подготвени да ја преземат контролата во итни случаи
И покрај тоа, сопственици на автомобили на Tesla се повеќе се во медиумите заради различни лудости кои ги прават во нивните автомобили. Веќе видовме луѓе кои спијат додека нивната Tesla е на автопат и вози со помош на автопилотот, а не е невообичаено да видите и како играат видео игри во самиот автомобил додека батериите се полнат.
Но, она што го направил UFC борецот Кевин Ли навистина спаѓа во категоријата „верувале или не“, да не речеме тотална лудост. Имено, додека се возел по автопат во неговиот модел Tesla Model S, Ли го вклучил автопилотот, го поставил Nintendo Switch на шофершајбната и се заиграл Super Smash Bros. Ultimate. Згора на се, сето тоа го снимал и го објавил на својот Instagram профил.
Тој признава дека тоа и не е баш најпаметната работа, па дури и неговата мајка се вознемирила кога го видела видеото.
Иако сите верзии на модели на Tesla во моментов поддржуваат возење со помош на автопилот, Tesla постојано предупредува дека возачите сè уште треба да бидат подготвени да ја преземат контролата во итни случаи.
Инаку, првиот човек на Tesla, Илон Маск е голем обожавател на видео-игрите „Super Smash Bros.“ и во повеќе наврати има изјавено дека би сакал овие игри да ги види како дел од стандардната опрема на Tesla. Но, тој веројатно не мислел на играње додека возите, туку кога автомобилот е безбедно паркиран.