Иднината на S-класата – премиера за луксузниот електричен Mercedes EQS / ФОТО
На тековниот Салон за автомобили во Франкфурт Mercedes ja претстави својата визија за луксузен електричен седан
Ознаката EQ, Mercedes ја користи за својата програма на електрични возила, додека буквата S симболично се однесува на луксузната S-класа на германскиот производител.
За погонот е избран електричен мотор од 476 КС (350 kW) и 760 Nm, додека електричната енергија се складира во батериски пакет од 100 kWh. Како што е соопштено од компанијата, автомобилот од 0-100 km/h забрзува за помалку од 4,5 секунди, додека максималната брзина е над 200 km/h. Од Mercedes тврдат дека автономијата на Vision EQS седан со полни батерии е до 700 километри.
Дизајнерски, автомобилот има флуидни линии, додека комбинацијата на бои и стилските детали се карактеристични за досегашните електрични концепти на германскиот производител. Внатрешноста е футуристички дизајнирана и осмислена за удобно и комфорно превезување на 4 лица, секое во седиште во форма на фотелја.
Најмногу внимание привлекува елегантната командна табла, која со дизајнот потсетува на детал од некоја јахта. На централната конзола доминира огромниот дигитален екран, а конвенционални контроли како прекинувачи и копчиња нема. Во исто време воланот е значително различен од управувачите со округла форма.
[useyourdrive dir=”1sQmCHF73eSW_dnIjHePuVwNJBEQdV2Mx” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Што се однесува до дигиталните дисплеи, има уште два помали во вратата на возачот и совозачот, како и некој вид head-up дисплеј пред возачот. Типично за многу концептни автомобили, овој автомобил на Mercedes нема класични надворешни ретровизори, туку мали камери.
Изоставен е и столбот „Б“ за да се олесни влегувањето на патниците во салонот,, а атмосферата при возење се надополнува со LED амбиенталното осветлување.
Меѓу напредните технологии се издвојува системот за автономно возење од Ниво 3, дизајниран првенствено за да му олесни на возачот патувањето на долги релации.
[useyourdrive dir=”1bzVpFmQB43bjp_977zYFTz8Rc0k_Y6Wp” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]