Бензинот поевтинува, дизелот поскапува
Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 0,21%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 02.09.2019 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 02.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со Одлуката од 02.09.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,664 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 02.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 31,147 ден/кг.
Новите цени на горивата почнуваат да важат од ноќеска на полноќ, односно 11.09.2019 година.