Ford Puma Titanium X премиерно во Франкфурт / ФОТО
По верзијата со спортскиот пакет ST-Line, Ford овогодинешното издание на Салонот за автомобили во Франкурт ќе изложи богато опремена верзија на својот нов кросовер Puma
Ford Puma ќе биде претставен во варијантата Titanium X, која, меѓу другото, вклучува и 18-инчни алуминиумски фелни и специјална Pearl Grey металик боја на каросеријата. Производителот се пофали дека станува збор за автомобил чии навлаки на седиштата лесно се отстрануваат и се перат, а предните светла се опремени со масажер за лумбалниот дел од грбот, што е, како што велат во компанијата, прв од ваков вид во сегментот.
Ford Puma Titanium X има и безжичен полнач за паметни телефони, систем за отворање и затворање на вратата од гепекот со движење на стапалото, како и премиум аудио-уред B&O со 575 W моќност и десет звучници.
Клиентите ќе можат да избираат помеѓу две верзии на 1.0-литарскиот EcoBoost 3-цилиндерски турбо бензинец (впарен со благ хибриден систем од 48 волти), со 125 и 155 КС, додека погонот на сите тркала не е предвиден дури ни како опција.
Кросоверот Puma за потребите на европскиот пазар ќе се произведува во Романија, а во изложбените салони ќе пристигне до крајот на годината.