ОФИЦИЈАЛНО: Валтери Ботас и следната година во Mercedes!
Крај на шпекулациите. Ботас останува во Mercedes
По многу шпекулации, се чини дека Тото Волф и неговите соработници решиле да го задржат „мирот“ во тимот и да ја продолжат соработката со финскиот возач, кој рака на срце многу чесно и одработува сите обврски.
„Пред почетокот на 2018 година, поставивме цел Валтери да биде подобар во 2019 година. Во тоа и успеа, а тој го имаше најдобриот почеток на сезоната досега. Ние сакаме тој така и да продолжи – по нагорна линија. Тој е гладен за успех, како и целиот тим. Ние сакаме да одиме напред заедно. Валтери беше многу важен фактор во освојувањето на претходните првенства. Тој е тимски играч и има добри односи со Луис. Задоволен сум што тој останува во тимот уште една сезона и сакаме да постигнеме подобри резултати заедно “, вели Тото Волф.
To whom it may concern… ? He’s staying! ?@ValtteriBottas will race for the team next season! ?? pic.twitter.com/BRqSNoCJye
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) August 29, 2019
„Среќен сум што сум дел од овој одличен тим веќе четврта година. Секоја сезона станувам се подобар и подобар. Направив фантастичен почеток на сезоната оваа година, но сакам да постигнам уште повеќе. Мојата цел е да бидам светски шампион и мислам дека само co Mercedes може да го постигнam тоa. Сега сакам да се концентрирам на преостанатите девет трки каде што сакам да постигнам уште подобри резултати, вели Валтери Ботас.