Volkswagen има намера да купи удел во Tesla?!
Главниот извршен директор на Volkswagen, Херберт Дис, е заинтересиран да купи удел во Tesla, пред се заради технологијата, батериите и софтверот
Претседателот на VW групата, Ренхард Фишер, неодамна изјави дека наскоро ќе се изедначат цените на електричните автомобили и бензинците, што ќе биде пресврт на автомобилскиот пазар, по што електричните возила ќе доминираат на пазарот. Компанијата исто така најави инвестиција од милијарди долари во развојот на е-возила, а до 2028 година можеме да очекуваме скоро 70 електрични автомобили од групата VW.
Дека германскиот автомобилски гигант е сериозен кога зборува за електрична револуција, покажува и интересот на компанијата за Tesla. Имено, како што објави Reuters, повикувајќи се на извори од VW, извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис е заинтересиран да купи удел во компанијата на Маск. Тие напоменуваат дека Volkswagen има доволно пари и би профитирал од технологијата и стручноста на во областа на батериите и софтверот на Tesla.
Ако би можел, Дис веднаш би купил удел во Tesla, но прашање е дали ќе добие дозвола затоа што семејствата Порше и Пих кои имаат мнозински капитал во компанијата, можеби на Дис нема да му дадат зелено светло за ваков (изненадувачки) потег. Исто така, според тврдењата на еден банкар поврзан со компанијата, би било невозможно да се оправда плаќањето 30 милијарди американски долари за преземање на целата компанија, а не е познато за колку голем удел размислува Дис.
Ова е дополнителен доказ (иако не е официјална информација) дека VW навистина смета на електричните возила како иднина на автомобилската индустрија и ќе биде интересно да се види дали тие навистина ќе решат да платат милијарди долари во наредните месеци (или години) за (одреден) удел во Tesla.