Новата Opel Insignia доаѓа на Peugeot платформа во 2022 година / ВИДЕО
Opel подготвува освежување на втората генерација на Insignia, а кога ќе се заврши работата, инженерскиот тим ќе започне со развој на третата генерација, кој ќе биде лансирана за три години
Insignia успешно ја замени некогашната Vectra, а платформата ја дели со Buick Regal, сеуште, што е остаток од ерата на General Motors како сопственик на брендот. Меѓутоа, втората генерација дојде во незгодно време, кога побарувачката за три-волуменски лимузини значително паѓа, така да не остави длабок траг.
Како и да е, групата PSA, која го презеде Opel/Vauxhall од General Motors, планира да лансира нова Insignia во 2022 година, овој пат на својата EMP2 платформа.
Дизајнот секако ќе биде променет, при што инспирацијата ќе се бара во најновите концепти на групацијата. Исто така, се очекува во производната линија да се вклучи и поперформантната верзија GSi, како и Shooting Brake верзија наместо традиционалниот караван.
Што се однесува до моторната гама, таа ќе биде потпишана од Peugeot, па треба да се очекуваат 1.5-литарски и 2.0-литарски турбо единици во бензин и дизел варијанта. Планиран е и хибрид, кој ќе ја земе технологијата од моделот 508. До 2022 година, електрификацијата ќе биде сеопфатна, па следствено треба да се очекува и електрична верзија.
Минатата година, на Стариот континент предводникот на Opel беше продаден во 67.400 примероци, што е половина од бројката во 2009 година и значително помалку од кросовер моделите на Opel.