Европската унија го „стишува“ AMG
Сопствениците на идните модели AMG нема да уживаат во расниот звук на моторите со педигре
Поради новата европска регулатива, звукот од издувниот систем мора да биде потивок, а тоа се однесува и на AMG, како и на неговите конкуренти.
Шефот за планирање на производи во Mercedes-AMG, Бастијан Богеншуц, вели дека од законските измени се погодени сите во европски пазари. Имено, би било премногу скапо да се развијат системи за издувни гасови за секоја земја или регион одделно. Регулативите ќе стануваат построги на секои две години, што дополнително ќе ги комплицира работите.
Првите два модела кои ќе добијат „тивок“ третман се Mercedes-AMG A45 S и Mercedes-AMG CLA45 S, двата за моделната 2020 година.
Од AMG велат дека ќе се „спротивстават“ на новите правила со засилување на нотата во внатрешноста на кабината. Компанијата додава AMG чист перформантен звук, кој од вистинскиот издув ќе извлекува ноти и ќе ги пренасочува кон кабината.
Звучните системи кои имитираат звук од издувот и моторот не се ништо ново, како и некој други креативни начини за подобрување на возачкото искуство. Решението не е идеално, но подобро од ништо, велат од AMG.