Audi го претстави освежениот Audi A4 Allroad, премиум караван кој може да се справи со се на патот

Со многу простор, практичен, луксузен, со високи перформанси и зголемен клиренс, Audi A4 Allroad дефинитивно не заостанува многу зад SUV моделите.

Со суптилни промени на надворешноста и во внатрешноста, A4 Allroad пред се е освежен со нови технологии.

Споредено со стандардниот A4 Avant, Allroad има 35 милиметри поголем клиренс, но без масовна заштита на подвозјето и проширени лакови на тркалата, иако тие се за 12 mm поголеми. Овој „набилдан“ караван доаѓа со 12 mm поголеми тркала и поширока трага за 6 mm напред и 11 mm во задниот дел, се разбира во однос на стандардниот Avant.

Audi надворешно малку ги изменил страничните страни што укажува на тоа дека не станува збор само за обичен „фејслифт“.

Кога пак станува збор за внатрешноста, тука нема премногу освежување. И понатаму таблетот е закачен на контролната табла заедно со конвенционални контроли за климата наместо друг екран на допир како во семејството Q.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1TQz7FiV8ptLgSHQf2UrN7_twFdLZVDrL” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]