Наскоро доаѓа новиот Nissan Juke
Се чини дека Juke не се откажува од оригиналниот дизајн концепт
Малиот кросовер на Nissan со првата генерација постигна голем успех во Европа. Но време е за смена на генерациите. Како резултат на тоа, не е изненадувачки што јапонскиот бренд го забрзува објавувањето на тизери.
Новиот Juke ќе биде дизајнерска верзија на стариот модел. Судејќи според достапните фотографии, предните крила се чини дека се поголеми и позаоблени, а задниот дел поширок, додека силуетата открива double-bubble стил на покривот, кој секако додава дополнителен спортски момент. Новиот Juke ќе остане на платформата Renault-Nissan CMF-B, која претставува основа и за Clio. Ќе има различни опции кога станува збор за моторот, вклучувајќи економичен бензинци од 1.0-литри и 1.3-литри, како и турбодизел со капацитет од 1.5-литри. Се очекува и 1.6-литарски турбобензински агрегат со околу 200 коњи, како и plug-in хибрид, кој треба да пристигне подоцна.
Предниот пгон ќе биде стандарден, а оние повисоко рангирани модели во линијата треба да добијат и погон на сите тркала.
Новиот Juke пристигнува на 3-ти септември.