Францускиот автомобилски гигант Renault ja претстави новата генерација на својот популарен кросовер Captur

Пионерот на класата на урбани кросовер модели досега е продаден во повеќе од 1,2 милиони единици од дебито во 2013 година, воедно и најпродаваниот во својот сегмент во Европа.

Втората генерација инспирирана од новата генерација на малиот компактен Clio, доаѓа спакувана во малку поголеми димензии. Базиран на новата платформа CMF-B, новиот Captur има 85% полесни делови во споредба со неговиот претходник, а покрај оптимизираната аеродинамика сега воедно е потивок и поекономичен.

Новиот Captur е подолг од 11 сантиметри во споредба со генерацијата што заминува со два сантиметри подолго меѓуоскино растојание, а во зависност од опремата доаѓа на фелни со големина до 18 инчи со целосни LED фарови и задни светла.

Renault нуди 11 различни бои за каросеријата со четири бои за покривот, а со три пакети нуди околу 90 различни шеми, што го прави уникатен во сегментот.

Кросоверот ги задржал LED-фаровите со форма на буквата С кои се ускладени со браникот, а со задните светла со слична форма, Captur добива карактеристичен изглед и неколку хромирани лајсни на страничните панели.

Клиентите ќе можат да избираат и додатоци како што се кровни шипки и панорамски покрив на отворање.

Внатрешноста на Captur не се разликува многу од внатрешноста на Clio. На контролниот панел доминира големиот вертикален екран, а под него се наоѓаат копчиња за контролирање на различни функции.

Единствената голема разлика е т.н. „летечка конзола“, место каде што е просторот за менувачот за да се подобри ергономијата и да се добие поголем простор за складирање.

Клиентите, исто така, можат да добијат безжичен индуктивен систем за полнење во тој простор.

Капацитетот на  багажниот простор во новиот Captur e 536 литри, a во различни простори во внатрешноста, можно е да се „соберат“ дополнителни 27 литри.

Кога станува збор за погонот, новиот Captur доаѓа со 1.0 и 1.3-литарски бензински мотори од 100-155 КС и 1.5-литарски dCi дизел со 115 КС.

Во зависност од изборот на моторот, достапни се пет-брзински и шестстепен рачен менувач, како и седум-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Новиот Captur ќе има и хибридна верзија која само на електрична енергија ќе може да помине 45 километри.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1FNCnAKgfegFHVEYWbl9meGofT03s7hhj” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]