Американскиот Ford го претстави својот нов кросовер адут – Pumа

Ford Puma некогаш беше мало купе со преден погон, но оваа денешна современа верзија доаѓа во поинаква форма. Сè уште е мал и интелигентно дизајниран компакт, но во кросовер класата.

Врската со Fiesta е очигледна. Со овој модел ја споделува платформата, некои карактеристики на дизајнот. Сепак, за разлика од Fiesta, покрај повисокиот клиренс, се истакнува и поголемиот капацитет на просторот за багаж од 456 литри, што е една и од главните карактеристики на овој модел.

Кросовер моделот Puma е богато опремен со модерни технологии. Тука се активниот темпомат, систем за автоматско сопирање, систем за детекција на пешаци, помошен систем за одржување на автомобилот во лентата на движење… Тука е и ограничениот автономен систем на Ford, CoPilot360, кој може да функционира и во услови на урбан метеж кога е потребно често придвижување и запирање на возилото. Задната камера со широк агол обезбедува поглед на околината од 180 степени и ова е прв пат оваа технологија да се најде во овој сегмент. 

Дел од стандардната опрема се Android Auto и Apple CarPlay системите. Тие се управуваат преку осум-инчен централно поставена екран на допир, а наместо аналогната табла има 12,3-инчен дигитален дисплеј.

Новата Pumа ќе се придвижува со веќе познатиот 1.0-литарски EcoBoost 3-цилиндерски турбобензинец, кој впарен со 48-волтен благ хибриден систем доаѓа во две варијанти со 125 и 155 КС.

Од Ford најавуваат и дизел верзија, а Puma нема да има опција за погон на четири тркала. Продажбата во Европа заппочнува до крајот на оваа година, а достапните пакети за опрема ќе бидат TItanium и ST-Line.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”10yeViEM0qz0WLXY4raIdv3gIhL7YNvK-” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]