FIAT и Renault сеуште не се откажале од спојување
Иако поради политички околности преговорите меѓу Fiat и Renault за спојување не успеаја, двата автомобилски гиганти сеуште не се откажале од овој план
Според Wall Street Journal, челниците на двете компании веруваат дека договорот сé уште е можен.
Неименувани извори тврдат дека партнерот на Renault, Nissan, е отворен за проширување на семејството и влегување на уште еден партнер во нивната алијанса, во која влегува и јапонскиот Mitsubishi.
Првичните преговори не успеаја бидејќи најголемиот поединечен сопственик на Renault, француската влада, ја одложи одлуката, бидејќи немало јасно одобрение од страна на Nissan во врска со спојувањето.
Поради оваа причина, Fiat ја повлече понудата и за тоа ги обвини политичките услови во Франција, поради што враќањето на преговарачката маса веројатно зависи од промена на ставот на француските власти.