BMW официјално го претстави новиот модел од Серијата 8

Во споредба со купе варијантата, моделот со 4 врати е подолг за 23 cm, поширок за 3 cm и повисок за 5,6 cm, додека меѓуоскиното растојание е зголемено за 20 cm. На тој начин се добил доволен простор за патниците на задните седишта.

Во салонот наидуваме на познатиот кокпит од купе и кабриолет верзиите, со 12,3-инчен дигитален екран наместо аналогни инструменти, како и 10,25-инчен екран за контрола на мултимедијалниот систем. Патниците можат да уживаат во амбиенталното светло и аудио системот Harman-Kardon со 16 звучници.

Задното седиште е поделено во сооднос 40:20:40, што дополнително ја зголемува удобноста на овој луксузен купе-седан.

На почетокот, BMW на купувачите ќе им понуди три моторни варијанти. Основниот бензинец 840i има 6-цилиндерски 3.0 TwinPower турбо мотор со 340 КС (250 kW) и 500 Nm. Моторот е спарен со 8-брзински автоматик, а како опција е можно да нарачате xDrive погон на сите 4 тркала. Во варијантата 840i, автомобилот од 0-100 km/h забрзува за 4,9 секунди и развива максимални, електронски ограничени 250 km/h.

Оние кои претпочитаат дизел мотори ќе го изберат 840d xDrive Gran Coupe опремен со 3.0 6-цилиндерски мотор, кој испорачува 320 КС (235 kW) и 680 Nm. Стандардни се и 8-степениот автоматски менувач, како и xDrive погонот на сите тркала.

До стотка дизелашот доаѓа за 5,1 секунди, а максималната брзина е исто така фабрички ограничена на 250 km/h.

На врвот на понудата е M850i ​​xDrive со 4.4 TwinPower Turbo V8 бензински мотор од 530 КС (390 kW) и 750 Nm. И во овој случај, BMW одлучил електронски да ја ограничи брзината на 250 km/h, а забрзувањето е само 3.9 секунди.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1buKQgUPiqvEXgGEzBrEqMm20X5DX50qc” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Цената на BMW 8-Series Gran Coupe во Германија започнува од 91.500 евра, колку што чини основната верзија – 840i.