Секако, има многу славни автомобили во филмската историја, но еден класик меѓу нив завзема посебно место

Во конкуренција составена од на пример DeLorean од франшизата Back to the Future или Мustang од Bullit, изборот веројатно ќе падне на едно од возилата возени од најпознатиот шпион во светот. Фановите на 007 и британскиот автомобилски бренд веќе погодуваат – класикот од Aston Martin од 1960-те години.

Станува збор за моделот DB5, кој Џејмс Бонд го има возено во два филма, Goldfinger и Thunderball. Tака размислува аукциската куќа RM Sotheby’s, која на специјален ивент ќе понуди еден примерок, се разбира на оној кој најмногу ќе плати. За снимањето на овие филмови се произведени само три примероци, а овој кој ќе се најде на аукција е еден од нив.

Бидејќи е еден од трите, тоа значи дека автомобилот ги има сите оние гаџети кои се добро познати од филмовите, Браунинг машина, регистарска табличка која се врти, патничко седиште кое по потреба се катапултира…

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1mfiqWfW5G8OYwVv13nAkiVWnTQQiIeCL” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Што се однесува до историјата на автомобилот, истиот бил купен од страна на познатиот колекционер Лорд Ентони Бамфорд по завршувањето на снимањето на Thunderball, а потоа цели 35 години стоел во музеј. Во 2006 година повторно е продаден, а набрзо и темелно обновен. Сега повторно е во понуда на настанот наречен „An Evening with Aston Martin“, кој ќе се одржи ова лето во Pebble Beach. Цената која се очекува да биде постигната е најмалку 5 милиони долари.